Со новите цени на горивата, од ноќеска на полноќ еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87, eуродизелот (Д-Е V) за 77 денари, а 76 денари ќе чини литар екстралесно масло за домаќинство. Цената на бензинот еуросупер БС-95 нема да се менува и ќе се продава по 85 денари за литар
Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-98 поскапува за денар и половина, додека за еден денар поскапо ќе се продаваат дизел-горивото еуродизел (Д-Е V) и екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со новите цени на горивата, од ноќеска на полноќ еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87, eуродизелот (Д-Е V) за 77 денари, а 76 денари ќе чини литар екстралесното масло за домаќинство. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 нема да се менува и ќе се продава по 85 денари за литар.
Поскапување има и кај мазутот М-1 НС чија малопродажна цена се зголемува за 0,979 денари за килограм и ќе изнесува 44,776 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 проценти во однос на одлуката од 22 март.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,940 проценти, кај дизелот за 1,082 проценти, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,316 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,483 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028 проценти, се наведува во образложението на Регулаторна.