Државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија Бранислав Блажиќ, денеска почина како последица на коронавирусот.
Како што пренесуваат српските медиуми, Блажиќ (63) пред пет дена бил приклучен на респиратор во Инфективната клиника во Белград.
Блажиќ, еден од основачите на Српската напредна странка, по потекло е од Кикинда, едно од жариштата на коронавирусот во Србија. Тој со години наназад живеел во Белград, каде што извршувал повеќе државни и политички функции. По професија е доктор, специјалист по општа хирургија.