Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека наскоро ќе биде ставен во функција системот за надополнување на медицинскиот персонал онаму каде што тој недостасува.
Се работи за ситем наменет за установите во Скопје и заа болниците низ другите градови, во договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на другите болници.
„Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари. Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува“,
изјави денеска Филипче при приемот на донацијата од респираттори од НАТО.
Тој најави дека од денеска почна сместување на заболени со ковид и во други болници, освен Инфективната клиника, а од викендов или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат одделите во болницата „8 ми Септември“.
„Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија. Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделенија“,
рече Филипче.