Ограничувањата за патување во Велика Британија повторно треба да бидат разгледани на 20 декември
Оние што пристигнуваат во Обединетото Кралство од странство сега треба да направат тест за ковид-19 пред да патувањето. Ова го предвидуваат новите правила чија цел е да го забават ширењето на варијантата омикрон.
Новините стапија во сила во 4 часот утрово и предвидуваат:
– Секој што патува од земји кои не се на црвената листа мора да направат тест два дена пред тргнување;
– Секој што ќе биде позитивен на тестот нема да му биде дозволено да патува;
– Доколку патувањето до Англија опфаќа повеќе етапи, тогаш тестот мора да се направи два дена пред тргнување на првата етапа;
– Шкотска и Велс најавија слични мерки;
– Хотелскиот карантин ќе остане за оние кои биле во земја од црвената листа и ќе трае 10 дена по нивното тргнување. Тоа се земјите: Ангола, Боцвана, Есватини, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Нигерија, Јужна Африка, Замбија, Зимбабве.
Новите мерки следуваат откако министерот за здравство Саџид Џавид призна дека новата варијанта сега се шири во земјата и не се поврзува со патниците што се враќаат во земјата.
Тој вчера рече дека некои од 336 потврдени случаи на омикрон во Британија не се поврзани со патување надвор.
Туристичката индустрија бурно реагираше на новите правила за тестирање и претходните дополнувања на црвената листа, а Џавид ги уверува дека мерките се привремени.
Ограничувањата за патување во Велика Британија повторно треба да бидат разгледани на 20 декември.
Исто така, денеска, министрите за здравство на Европската унија ќе разговараат дали да се прилагодат ограничувањата за патување наметнати на јужноафриканските земји откако варијантата омикрон првпат беше пријавена од научниците во Јужна Африка.
Министрите би можеле да се согласат на ПЦР-тестови за вакцинирани државјани на трети земји, што значи дека некои од забраните за патување би можеле да бидат укинати во рок од една недела, објави Блумберг.