До 31 август, маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти, а работата на угостителските објекти е ограничена до полноќ
Од денеска на Хаклидики и на островот Миконос стапија на сила новите вонредни рестриктивни мерки, што грчката Влада ги донесе за спречување на ширењето на коронавирусот.
Според одлуката, до 31 август, маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти, се откажуваат сите настани и манифестации, а во угостителските објекти дозволени се најмногу четири лица на една маса.
Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос .
На Миконос и на Халкидики, како и во 16 други грчки региони, има забрана за работа на угостителските објекти од полноќ до 7 часот наутро.