Според ИЈЗ, заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 6 704 здравствени работници со првата доза на вакцина против ковид, од кои 4 002 со „Фајзер/Бионтек“ и 2 702 со „спутник В“, а 2 572 лица веќе се вакцинирани и со втора доза од оваа вакцина
Од „спутник В“ остануваат нешто помалку од 300 вакцини, а тие ќе се пренасочат за вакцинирање на здравствените работници кои се ангажирани во новите ковид-центри кои се отворени поради зголемениот број на хоспитализирани
Во пунктот за вакцинација во поликлиниката „Јане Сандански„ денеска и утре се последните денови за вакцинација, бидејќи речиси се потрошени дозите од руската вакцина „спутник В“, потврдиле за Телма од овој вакцинален пункт.
Според денешниот извештај од ИЈЗ, заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 6 704 здравствени работници со првата доза на вакцина против ковид, од кои 4 002 со „Фајзер/Бионтек“ и 2 702 со „спутник В“. Исто така, 2 572 лица веќе се вакцинирани и со втора доза од вакцината „Фајзер/Бионтек“.
Тоа значи дека преостануваат уште онолку „Фајзер“ вакцини за да се вакцинираат со втора доза оние кои веќе ја примиле првата, имајќи предвид дека од Србија добивме нешто повеќе од 8 000 дози.
Од „спутник В“ остануваат нешто помалку од 300 вакцини, а тие како што изјавиле од „Јане Сандански“ за Телма ќе се пренасочат за вакцинирање на здравствените работници кои се ангажирани во новите ковид-центри кои се отворени поради зголемениот број на хоспитализирани.
Од четврток вакцинација не е планирана.
Како што беше најавено и претходно, во моментов се вакцинираа стоматолозите и фармацевтите. Само неколку десетици фармацевти (од околу 300) постари од 50 години стигнале на ред.
Според Министерството за здравство веќе 80 проценти од стоматолозите –лекари се вакцинирани, а преостанатите се одложуваат кога ќе пристигнат следните пратки. Сестрите и другиот персонал во стоматолошките ординации и онака не се на првиот список за вакцинирање.
Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела рече дека следни што ќе пристигнат кон крајот на овој месец се вакцините на „Астра Зенека“ преку Ковакс – механизмот, и кинеските.
За тоа до каде е набавката на вакцините од „Фајзер“, Филипче призна дека процедурата се оддолжи, поради, како што рече, дополнителни услови што ги поставуваат од компанијата. Последниот пристигнал пред неколку дена и се однесува на одговорноста при евентуални несакани ефекти од вакцината.