Како што соопштија денеска од Обвинителството, издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, со цел да се утврдат точните причини за смртта
Обвинителот наложил да се преземат повеќе дејствија, меѓу кои и сослушување евентуални сведоци, како и проверки на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето каде што се случила несреќата
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која животот го загуби 14-годишно девојче.

Ова следува откако од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово соопшти дека девојче од Кавадарци вчера почина по пад од лулашка во парк во Гостивар.
Како што соопштија денеска од Обвинителството, издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Покрај тоа, во рамки на предистражната постапка, обвинителот наложил да се преземат повеќе дејствија, меѓу кои и сослушување евентуални сведоци, како и проверки на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето каде што се случила несреќата.
Инаку, настанот во полиција е пријавен вчера во 20:20 часот дека во Медицинскиот центар во Гостивар е донесено малолетно девојче без знаци на живот.
„Во болница без знаци на живот е донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар“,
соопштија од полицијата.
Според пријавата, девојчето претходно паднало од лулашка во парк во Гостивар, по што било итно пренесено во болница. Но, и покрај укажаната медицинска помош, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.
