Основното јавно обвинителство Берово поднесе предлог за казнен налог за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетите, не почитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, на 5 април, за време на полицискиот час, биле затекнати како со автомобил се движат по регионалниот пат од Струмица кон Берово. Полициските службеници ги запреле во атарот на селото Ратево, кај местото викано Три Реки“,
соопшти Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител бара Основниот суд Берово на секој од обвинетите да му изрече алтернативна мерка – условна казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши ако обвинетите во рок од една година не сторат ново кривично дело.