Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, дознава „360 степени“. Осомничени се четири лица, меѓу кои и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и ексгенерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Според нашите информации, Обвинителството предлага определување мерка притвор за Рашковски и за уште едно лице, најверојатно сопственикот и управител на фирмата која ја добила спорната јавна набавка за софтверот „Инвока гроуп“. Судот издал наредба за приведување на Рашковски, но нема потврда дека тоа веќе се случило.
ВЕСТА СЕ НАДОПОЛНУВА