Синоќа во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиство на маж на околу 40 години. Според информацијата од СВР Тетово, кон него било пукано додека бил во возило
Јавното обвинителство соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, a јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредби за обдукција и за обезбедување снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење, додека МВР постапува за откривање на сторителот, се наведува во информацијата од Обвинителството.
Синоќа во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиство на маж на околу 40 години. Според информацијата од СВР Тетово, кон него било пукано додека бил во возило.
„Во 20:35 ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул. ‘Штипска’ едно лице кое било со возило ‘мерцедес’ пукало кон возило бе-ем-ве во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“,
информира синоќа Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.