Претседателот на Демократската партија на Косови објави на фејсбук дека е заразен со коронавирус и дека во наредниот период ќе биде во изолација
Кадри Весељи, претседател на Демократската партија на Косово, кој е еден од обвинетите во Хаг за воени злосторства, објави вечерва дека е позитивен на коронавирусот.
Тој напиша на фејсбук дека од Институтот за јавно здравје во Приштина го известиле дека е заразен со новиот вирус.
„Јас сум добар со здравјето и до целосно закрепнување ќе останам во изолација. Ве поканувам сите да ги почитувате мерките, да носите маски, да одржувате растојание и хигиена“,
нашиша Весељи.
Специјалното обвинителство во Хаг го обвини претседателот на Демократската партија, кој е и поранешен претседател на косовскиот парламент, за воени злострорства, заедно со претседателот на Косово Хашим Тачи и уште неколкумина водачи на некогашната ОВК.