„Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во предметот познат во јавноста како „Талир“, по одржана седница на советот, на ден 09.10.2024 година донесена е одлука со која барањето се одбива како неосновано“, соопштија од Врховниот суд
Пред објавувањето на одлуката на Врховен, во судот денеска претпладне се одржа јавна седница на која Топалова- Исајловска ги изнесе своите аргументи со кои ја спореше одлуката на Основниот кривичен суд Скопје од пред шест години со која беше потврдено обвинението за предметот „Талир“
Јавната обвинителка во Републичкото јавно обвинителство, Анита Топалова-Исајловска не го убеди Врховниот суд дека обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, познат како „Талир“ треба да падне.

Највисокиот суд во државата денеска донесе одлука со која поднесеното барање за заштита на законитоста поднесено од обвинителката го одби како неосновано.
Врховните судии не ги прифатиле нејзините аргументи дека обвинението за „Талир“ е поднесено од неовластен тужител (згаснатото Специјално јавно обвинителство) и дека е во спротивност со повеќе закони.
„Постапувајќи по поднесено барање за заштита на законитоста од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ бр.63/24 од 28.06.2024 година, во предметот познат во јавноста како „Талир“, по одржана седница на советот, на ден 09.10.2024 година донесена е одлука со која барањето за заштита на законитоста подигнато од Јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија КОЗ бр.63/24 од 28.06.2024 година, против решението на Основен суд Скопје 1 Скопје КОК-ООА бр.44/18 од 24.12.2018 година, се одбива како неосновано“,
се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Врховниот суд.
Пред објавувањето на одлуката на Врховен, во судот денеска претпладне се одржа јавна седница на која Топалова- Исајловска ги изнесе своите аргументи со кои ја спореше одлуката на Основниот кривичен суд Скопје од пред шест години со која беше потврдено обвинението за предметот „Талир“, пренесува ТВ Телма.
Според обвинителката судот требало да го одбие обвинението затоа што неовластениот тужител го поднел по истекот на рокот од 18 месеци од преземањето на прислушуваните разговори согласно тогашниот закон за Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Топалова-Исајловска смета и дека 106 снимки од прислушуваните разговори не треба да се третираат како докази во судскиот процес затоа што актуелниот Законот за јавно обвинителство предвидува тие да послуѓат само како индиции за обвиненијата поднесени по 30 јуни 2017 година. Обвинението за „Талир“ е поднесено во ноември 2018 година.
Но, Законот за јавно обвинителство на кој се повикува обвинителката е донесен во 2020 година, а судиите на денешната јавна седница преку прашања потсетиле дека процесните закони не важат ретроактивно и поради тоа не можат да му забележат на скопскиот Основен кривичен суд што не применил закон кој кога го прифатил обвинението не постоел.
На, ова обвинителката во Републичкото јавно обвинителство, одговорила дека ако врховните судии хипотетички го прифатат нејзиното барање по првиот оснон дека е истечен рокот за поднесување на обвинението и го укинат предметот, тогаш Кривичниот суд ќе треба да го примени поблагиот закон за обвинетите и прислушуваните разговори да не се користат како докази.

Инаку, како што летоска објави порталот „Призма“, обвинителката Тополова-Исајловска во јуни го потпишала барање за вонреден правен лек (барање за заштита на законитоста) за предметот „Талир“, по иницијатива на еден од обвинетите во него.
Кој обвинет во април годинава ја поднел иницијативата до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија останува непознато.
Во случајот „Талир“ првообвинет е експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но нему му се суди во отсуство бидејќи избега во Будимпешта. Покрај него, обвинети се и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари. На обвинителна клупа се и Илија Димовски и Леко Ристовски само за делото перење пари, а како правно лице осомничена е и партијата. Во случајот обвинета беше и Елизабета Чингаровска, но таа призна вина и доби условна казна.
Првото рочиште за главна расправа беше закажано на 18 февруари 2019 година, но и по повеќе од пет години сè уште нема првостепена пресуда за предметот.
Тој петпати почнуваше од почеток поради промена на судии, пензионирање на поротник или истелен рок од 90 дена без одржано рочиште.
Инаку, со контроверзните измени на Кривичниот законик од 6 септември лани, овој предмет застарува во 2026 година.
