Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за неовластено држење оружје откако при претрес во неговиот дом на 26 јуни годинава се пронајдени револвер и муниција.
„Во домот на обвинетиот на улица ‘Дижонска’ во Скопје, на 26 јуни 2020 година, при вршење претрес пронајдено е оружје – револвер ‘застава“, калибар 357 магнум и шест куршуми. Огненото оружје, кое обвинетиот неовластено го држел, е одземено од овластените службени лица“,
стои во соопштението од ОЈО.
Со поднесување на Обвинителниот акт, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.
Осомничениот се товари дека сторил кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.