Во моментот кога девојчето (14) скршило огледало во куќата, сопственикот почнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и по телото и да ја влече за коса.
Обвинение за напад заработи шеесет и четиригодишен скопјанец, кој со тупаници и стап нападнал девојче, кое живеело како потстанарка кај него. Како причина за нападот е наведено тоа што девојчето скршило огледало. Обвинителството побарал продолжување на притворот за обвинетиот поради опасност од бегство.
Од Јавното обвинителство соопштија дека е поднесен обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство. Обвинетиот, на 23 јануари, извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години.
Како што информираат од обвинителството, девојчето со своето семејство било потстанар во куќата на скопјанецот. Во моментот кога девојчето скршило огледало во куќата, сопственикот почнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за коса. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел виљушка и ѝ ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци, појаснуваат од ЈО.
Во тоа време во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца, на возраст од три месеци и една и пол година. Таа не успеала да му помогне на девојчето. И кај неа, како што велат од обвинителството, сопственикот на куќата со однесувањето предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.