Согласно новите мерки што ги донесе Владата за скратување на работното време на угостителите, Асоцијацијата на спортски обложувачници посочува дека иако тие ќе работат и по 18 часот, не смеат да служат пијалаци.
„Во спортските обложувачници на нашите членки, почнувајќи од денеска по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме“,
истакнуваат од АСОМ.
Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувачници кои се членки на асоцијацијата на 31 декември ќе работат до 19 часот.
„Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувачници апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувачници“,
се вели во соопштението.