Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 7 април 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваа Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, и Благојче Атанасоски, политколог
Засега нема сигнали дека 2023 г. ќе биде изборна што би значело дека во 2024 г. ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори. Дали изборите в година треба да бидат одвоени или треба да се одржат заедно е тема на која главните политички актери веќе се позиционираа. Притоа се водат од анализите за тоа дали едната или другата опција им носат предност. Какви се законските рокови, а какви партиските калкулации и зошто – дебатираме со Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Благојче Атанасоски, магистер по политички науки.