Нинџа признал пред Судот дека помогнал при бегството на двете лица, по што следувала пресудата за нова затворска казна
Александар Василевски Нинџа доби нова затворска казна од шест месеци затоа што помогнал при бегство на Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во УБК и неговиот соработник Никола Бошковски, објави А1ОН.
Грујевски и Бошковски се осудени во предметот за масовното прислушување.
Нинџа признал пред Судот дека помогнал при бегството на двете лица, по што следувала пресудата за нова затворска казна.
Тој првично беше осуден на осум години затворска казна за упадот во Собранието што се случи на 27 април, иако за делото за кое се товареше минималната предвидена затворска казна е десет години. Апелација потоа му ја намали казната на седум години.