Грците денеска повторно одат на парламентарни избори на кои се очекува убедлива победа да извојуваат конзервативците, а нивниот лидер Киријакос Мицотакис да ја зајакне својата позиција и да добие втор мандат како премиер.
Нешто помалку од десет милиони граѓани ќе гласаат на изборите на кои учествуваат 32 партии, коалиции или самостојни кандидати.

На изборите на 21 мај Нова демократија на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за да освои мнозинство во парламентот.
Мицотакис тогаш одлучи да не формира коалициска влада и наместо тоа повторно да оди на избори, на кои, според изменетиот изборен законин, победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места, во зависност од резултатите.
Избирачките места се отворени утрово во 7 часот по локално време во Грција.
Во рок од пет недели ова се втори парламентарни избори.
Првите излезни анкети ќе бидат објавени по затворањето на избирачките места во 19 часот по локално време.