Во тек се антитерористичките проверки
Нови дојави за бомби денеска се испратени до училишта во Скопје. Според информациите од МВР, досега во полиција четири школи пријавиле дека добиле закани за поставена експлозивна направа. Едно од нив, според нашите информации, е средното училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“,
информираат од МВР.
Последната серија на закани за бомби беше регистрирана во петокот во 15 училишта – 10 во Скопје и пет во Биотла, но и на Меѓународниот аеродром Скопје, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), трговскиот центар „Ист гејт мол“, како и во хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“. По проверките, се утврди дека сите се лажни.