Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 и тоа: во Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1, Кичево-3.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент: од Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Кратово-1, Свети Николе-6.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 739, бројката на оздравени пациенти е 9 174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 021.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, како и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.