Во последното деноноќие не се регистрирани починати лица. Во моментов во земјава активни се 525 случаи, од кои 171 се во Скопје, а 135 во Тетово
Во последните 24 часа се направени 5 315 тестирања, а регистрирани се 81 нов случај на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Од новите случаи повеќето се во Скопје – 27 и Тетово – 25. Останатите се во: Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 380 бројката на оздравени пациенти е 150 362, на починати е 5 493, а бројот на активни случаи изнесува 525.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: