Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 693 случаи на ковид-19 од направени 1 480 тестови, информира Министерството за здравство (МЗ).
Од вкупниот новозаразени во Скопје се 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 170 реинфекции.
Регистрирани сe и 827 оздравени пациенти од Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Македонски Брод, Струга и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (77г.) и од Богданци (77г.), во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2 131 728 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата 333 360, бројот на оздравени пациенти е 319 717, на починати е 9 400, а бројот на активни случаи изнесува 4 243.