Во текот на изминатото деноноќие потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 во земјава, оздравени се 22 лица и едно лице почина, информира Министерството за здравство.
„На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје“,
велат од Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти по градови: Скопје – 2, Куманово – 6, Штип – 3, Прилеп – 7, Тетово – 1, Струга – 1, Кочани – 2.
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 11, Куманово – 2, Штип – 1, Прилеп – 5, Тетово – 2, Велес – 9, Битола – 2, Крива Паланка – 1.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација четири пациенти.
„Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19“,
информираат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен факултет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR-метода -23 и МАНУ -20. Досега во земјата се направени вкупно 18 168 тестирања за ковид-19.
Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 572, бројката на оздравени пациенти е 1 079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 526
Куманово – 404
Дебар – 51
Штип – 35
Прилеп – 1667
Тетово – 95
Струга – 67
Велес – 95
Битола – 22
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 6
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 2
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2
Кратово – 1