Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 107, Куманово – 14, Штип – 4, Тетово – 23, Струга – 5, Битола – 2, Охрид – 6, Гостивар – 4, Струмица – 1, Кочани – 1, Берово – 1, Ресен – 13, Неготино – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје – 22, Дебар – 1, Штип – 1, Прилеп – 1, Тетово – 1, Велес – 2, Битола – 1, Кочани – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 1.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1 836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2 243, активни 1507
• Куманово 668, активни 219
• Дебар 62, активни 10
• Штип 254, активни 205
• Прилеп 229, активни 16
• Тетово 481, активни 297
• Струга 147, активни 68
• Велес 156, активни 29
• Битола 37, активни 9
• Охрид 90, активни 71
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 78, активни 52
• Гевгелија 8, активни 4 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 56, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 3, активни 2
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 9
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 47, активни 46
• Неготино 19, активни 10 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ – 570, ЦЈЗ Скопје – 32, Авицена – 98, Биотек – 150, Систина со PCR-метода – 189, МАНУ – 157, Жан Митрев (Филип Втори) – 152 и Судска медицина – 0. Досега во земјата се направени вкупно 47 793 тестирање за ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 336
• Аеродром – 125
• Бутел – 118
• Гази Баба – 128
• Центар – 121
• Карпош – 103
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 62
• Студеничани – 71
• Шуто Оризари – 51
• Арачиново – 38
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 12
• Зелениково- 1
• Странец – 3
• Нераспределен-4