Иако бројот на министерства ќе се зголеми за 60 отсто, бројот на вработени во администрацијата нема да се зголемува. Практично, како што најавија од кабинетот на новоизбраниот претседател, станува збор за „расцепкување“ на досегашните министерства во повеќе ресори
Владата на новоизбраниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, ќе има дури 37 министри што е многу повеќе од владата на претседателот во заминување Жаир Болсонаро која брои 23 министри.
Сепак, иако бројот на ресори ќе се зголеми за 60 отсто, нема да се зголеми бројот на државни службеници кои работат во министерствата.
„Претседателот побара од нас да ги ’расцепкаме‘ министерствата, но без да се отворат нови работни места. Трошоците ќе бидат исти без разлика на бројот на министерства. Одлучивме владата да ги има 37 на број“,
изјави Руи Коста кој ќе биде министер за социјални прашања.
Меѓу новите министерства, како што најави тој, ќе биде Министерство за автохтони народи кое ќе биде водено од нивен претставник
Луис Инасио Лула да Силба е од левичарската Работничка партија. Тој веќе беше претседател на Бразил во два мандати во периодот од 2003 до 2010 година, а неговиот трет мандат ќе започне на 1 јануари 2023 година. На изборите на 31 октомври годинава тој го победи Болсанаро и неговата екстремно десничарска политика освојувајќи 50,83 отсто од гласовите.