Според неофицијални информации што ги пренесуваат дел од медиумите, денешната акција е продолжение на онаа од неделата, кога беа уапсени членови на криминалната група Беланоца/Барон
Од утринава во тек е нова полициска акција. Се вршат претреси на повеќе локации.
Акцијата е од страна на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР.
„Повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на акцијата“,
велат од Министерството за внатрешни работи.
Според неофицијални информации што ги пренесуваат дел од медиумите, денешната акција е продолжение на онаа од неделата, кога беа уапсени членови на криминалната група Беланоца/Барон.
Во акцијата што ОЈО ГОКК и МВР ја спроведуваа во неделата и понеделникот на повеќе локации во Скопско се осомничени вкупно 18 лица, членови на криминалната група Беланоца/Барон. Тие се товарат за тешки кривични дела, од убиства, злосторничко здружување до тешки дела против општата сигурност и изнуда. На товар им се ставаат повеќе убиства извршени изминативе години, дел по нарачка, а дел како одмазда.
Дополнително, членовите на групата се осомничени дека стојат и зад палење на објекти и возила на територијата на Скопје, како начин за изнуда на пари, што се одвивала на месечно ниво.