Палењето на трската на струшкото крајбрежје не е ништо ново. Во март 2019 година беа поднесени четири кривични пријави – за сторителот, за нарачателот, против инспекторот и против непознат сторител
Државниот инспекторат за животна средина и Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Струга во заедничка координација, во март оваа година, обезбедиле докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата, исто така, биле забележани и траги од опожарена трска.
„Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот. Подготвена е кривична пријава што денес се доставува до надлежното Јавно обвинителство. Правниот основ на тужбата е членот 230 од Кривичниот законик загрозување на животната средина и природата со отпадни материи, според кој може да се изрече казна затвор од три месеци до три години“,
велат од ДИЖС.
Палењето на трската на струшкото крајбрежје не е ништо ново. Во март 2019 година беа поднесени четири кривични пријави – за сторителот, за нарачателот, против инспекторот и против непознат сторител.
