Уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степен беше регистриран во Хрватска во 9:21 часот.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од Сисак.
Според граѓаните на Сисак имало „силен удар и вибрации“, кои траеле кратко.
Инаку, хрватската Дирекција за цивилна заштита апелираше граѓаните самоиницијативно да не одат во Сисак и Петриње.
„Без оглед на вашите најдобри намери, апелираме да не одите во подрачјата зафатени со земјотресот. Петриње и Сисак се мали градови, метежот што настанува со некотролирано и некоординирано волонтерство го отежнува работењето на службите“,
обрави Дирекцијата.
Градоначалникот на Глина, пак, Стјепан Костањевиќ, изјави дека на подрачјето на овој град тлото не престанува да се тресе, некои куќи се урнати, а граѓаните што останаа без своите домови се згрижени.
„Има доста луѓе кои не сакаа да ги напуштат своите куќи и ноќта ја поминаа во автомобилите. Оние што останаа без покрив над глава, чии куќи се урнати, ги згриживме. Има околу 35 населби погодени од земјотресот“,
рече Костањевиќ.
Тој потенцираше дека помош доаѓа од секоја страна, а потребни се шатори.