Мерките значат дека правилата за физичко растојание ќе важат низ целиот град, но може да се работат компании, училишта и канцеларии
Нов Зеланд ќе ги продолжи рестриктивните мерки во главниот град Велингтон за уште два дена, откако властите денеска соопштија дека австралиски турист кој бил позитивен на ПЦР тест бил во градот минатиот викенд.
Велингтон сега е во второ ниво на тревога и ќе остане на тоа ниво до вторник.
„Јасно е дека се уште не излеговме од опасност. Потребни ни се повеќе тестирања и повеќе резултати за да се чувствуваме безбедни за да можеме да го ублажиме нивото на тревога“,
изјави министерот задолжен за координација на борбата против ковид-19 Крис Хипкинс.
Мерките значат дека правилата за физичко растојание ќе важат низ целиот град, но може да се работат компании, училишта и канцеларии.
Нов Зеланд ги суспендираше пристигнувањата од Австралија без карантин најмалку три дена, бидејќи во таа земја расте бројот на случаи на заразенио со ковид-19.
Поради ширење на делта-сојот на коронавирусот, во центарот на Сиднеј и во четири предградија од пред два дена е воведен еднонеделен строг карантин.