Шефот на државата го формираше новиот тим што треба да го советува во делот на помилувањата. Од кабинетот на Пендаровски информираат дека денеска се одржала конститутивна седница на Комисијата за помилување. Во неа членуваат:
– Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата;
– Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија;
– Фехми Стафа, државен правобранител на Република Северна Македонија;
– Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора;
– Темелко Ристевски, универзитетски професор;
– Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд;
– Божин Аврамовски, судија во пензија;
– Ерол Рушид, лекар;
– Зора Митиќ, лекар;
– Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права;
– Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.