Како што информираат од АМСМ, според известувањето што го добиле движењето на возилата е вратено во нормала, односно сообраќајот е нормализиран во 13:05 часот
По неколкучасовен прекин, од попладнево сообраќајот на магистралниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ е повторно нормализиран, велат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот кон преминот „Блаце“ од утрово беше надвор од функција поради што за да се избегне метеж товарните возила се пренасочува кај бензинската пумпа „Дизел“.
Како што информираат од АМСМ, според известувањето што го добиле движењето на возилата е вратено во нормала, односно сообраќајот е нормализиран во 13.05 часот.
Инаку, како што информираа во утринските часови оттаму, причина за застојот бил технички проблем на терминалот од косовската страна на граничниот премин.
И од видеокамерите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кои во реално време ја прикажуваат состојбата на граничните премини, може да се забележи дека во моментов има движење на возила на ГП „Блаце“.