Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба со корупцијата, Љупчо Николовски, застана зад премиерот Зоран Заев и даде поддршка за неговите ставови во врска со Бугарија, додека за поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски порача дека е историја.
Преку неговиот официјален фејсбук-профил тој јавно го сподели партискиот став нагласувајќи дека ставовите на премиерот се и партиски ставови.
„Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори. Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи“,
нагласува Николовски.
Тој го потеницра и делот со кој се реагира на обраќањето на Црвенковски порачувајќи дека тој е историја.