„Мислам дека Скопје и Солун треба да се поврзат со брза железница и за еден и пол час се оди од Скопје до Солун, од едната до другата страна на географска Македонија, или од Скопје до Виена каде што ќе одиш за три часа, или од Виена до море ќе одиш за пет часа“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој предложи иницијатива до ЕУ за изградба на брза железница меѓу Белград, Скопје и Солун
Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој деновиве учествува во серија настани во Брисел посветени на состојбите во Европа, предложи Европската Унија да преземе иницијатива за изградба на брза пруга меѓу Белград, Скопје и Солун.
„Мислам дека Скопје и Солун треба да се поврзат со брза железница и за еден и пол час се оди од Скопје до Солун, од едната до другата страна на географска Македонија, или од Скопје до Виена каде што ќе одиш за три часа, или од Виена до море ќе одиш за пет часа“,
вели Николоски.

Изградбата на оваа пруга, според Николоски, ќе ѝ биде од голема помош на Европа, главно стратегиски бидејќи, како што рече, ова е првиот проект што Кина го претстави кога ја објави својата иницијатива „Појас и пат“ пред шест години.
„Тие рекоа дека ќе ги купиме пристаништата што значи Пиреја, каде што успеаја да влезат и потоа ќе изградиме брза железница меѓу Атина, Будимпешта и Виена. Дел од оваа пруга се финансира од кинески пари. Но, мислам дека ова е моментот. Европа да преземе иницијатива за овој проект.
додава тој.
Николоски вели дека изградбата на железницата би имала многубројни придобивки, како намалување на загадувањето така и заштеда на пари со тоа што патувањето со авион би се заменило со патување со воз. Освен тоа, додава тој, би било од корист и за трговијата која би помогнала во зајакнување на целиот овој регион.
„Затоа мислам дека ова треба да биде фокус на ЕУ за да дозволи грант за трите земји за Грција, за Македонија и за Србија да ја завршат оваа брза железница, и да ја поврзат Европа со нејзиниот југ и да ја поврзат ЕУ со ЕУ затоа што вие имате ЕУ земја која не е поврзана со останатите земји од ЕУ и треба да помине во земји кандидати како што во овој момент е мојата земја Македонија и Србија, за кои се надевам дека еден ден ќе бидеме членки“,
рече Николовски говорејќи за невозможното поврзување на, на пример, градови како Виена или Будимпешта со Солун.
Потпретседателот на опозициската партија додаде дека наместо Кина да ја финансира брзата железница, тоа треба да го направи токму Европската Унија.