Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, побара да види какви се можностите за воведување на лет Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја, изјави министерот за транспорт на Бугарија, Николај Субев, на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Субев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на Северна Македонија и дека ќе преговара со колегите од Северна Македонија, како што вели, „за да имаме лесна и брза транзиција“.
Министерот за транспорт Субев наведе и дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно.