Министерот Никола Димитров, со порака на својот фејсбук профил, се збогува со својата мајка Ратка Димитрова, виолинистка и пратеничка во првиот собраниски состав, која почина на 80-годишна возраст.
„Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес“,
пишува Димитров.
Писмо со сочувство до семејството Димитров упати денеска претседателот на парламентот Талат Џафери, во име на актуелните пратеници. Сочуство изрази и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови Димитрова беше пратеничка во периодот 1990-1994 година.