„Македонското знаме конечно се вее, додека моќно одекна нашата химна. Во овие денови во кои сите се грижиме за своето здравје, иако немаме можност да бидеме присутни на овој свечен чин, оваа добра вест која толку долго ја посакувавме е убав момент кој ја враќа надежта дека ни следуваат успеси. Се надеваме дека успешно ќе ја надминеме кризата со ковид-19 и ќе се издигнеме одново“, се вели во соопштението од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“, во кое го честитаат официјалното членство на земјава во НАТО.
„Драго ни е што ние имаме силен личен влог и улога за осигурената стабилност, територијален интегритет и одржување на мирот во Република Северна Македонија, 30-та земја членка на НАТО“,
се вели во соопштението од независните, во кое уште се истакнува дека позитивната одлука за конечно отпочнување на пристапните преговори е уште една нова надеж, предизвик и цел.
„Тоа е нашата иднина и нашето место“, велат пратениците.