Битола, Штип, Охрид, Виница, Гостивар се меѓу градовите што беа погодени од невремето проследено со силен ветер што одвеа покриви, откорна дрвја и бандери, информира Центарот за управување со кризи

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер што причини штети во неколку региони, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите имале голем број интервенции што настанале поради силниот ветер од над 60 километри на час што вчера го зафати Битолскиот Регион.
„Според повиците за настаните примени преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:
информира ЦУК.
– паднат покрив од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“, каде има настанато штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево, при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат покрив од зграда на ул. „Хераклеа“;
– паднат покрив од куќа на ул. „Јанко Палигора“;
– паднат покрив од куќа на ул. „Партизанска“;
– паднат покрив од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број паднати дрвја на повеќе локации во градот,
Регионалниот ЦУК Охрид, пак, информира дека пожарникарите со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на откачен лимен покрив поради силниот ветар на ул. „Карпош војвода“ во Охрид.
Невреме ги погоди и Штип и Виница.
„РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13:45 до 14:30 часот, со едно ПП возило и тројца пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во Штип и неговата околина. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања“,
велат од ЦУК.
Во Гостивар пожарникарите интервенирале за расчитување на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“.
Од УХМР денеска информираа дека од синоќа дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 километри на час). Засилен ветер особено вдолж Повардарието ќе има до крајот на денот.