Обилните врнежи, според прогнозите на Државниот хидрометеоролошки завод, се очекува да траат од денеска до недела (6 август) и ќе го зафатат поголемиот дел од територијата на Хрватска

Невремето од Словенија доаѓа во Хрватска. Во Истра и на северот на Јадранот, како и на западните и северните денови во внатрешноста на државата веќе паѓа обилен дожд и има силни грмотевици, а во текот на денот се очекува и силен ветар.
Првичниот портокалов аларм за регионот на Риека и Госпиќ сега е подигнат на црвено ниво.
Во Риека се поплавени дел од сообраќајниците, поради што има застои во сообраќајот, а пожарникарите интервенираат и во поплавени подрумски простории.
Дел од медиумите јавија дека поради обилните врнежи, реката Сава веќе се излеала од коритото во Загреб. Врнежите започнале околу 14 часот, по што се смириле, но водостојот на реката се зголемил, поради што дошло до поплавите.
Обилните врнежи, според прогнозите на Државниот хидрометеоролошки завод, се очекува да траат од денеска до недела (6 август) и ќе го зафатат поголемиот дел од територијата на Хрватска, поради што сите надлежни служби и тимовите за цивилна заштита се ставени во степен на висока подготвеност.