Премиерот Зоран Заев нема намера да поднесе оставка поради блокадата од Бугарија на преговарачката рамка за почетокот на преговорите со ЕУ.
„Секако дека не, го почитуваме она што народот го кажа дека е за ЕУ и после сите премрежија, вакви изневерувања, неправди, остануваме да го водиме народот за она што го кажа на изборите. Добро е пто отидовме на избори, бидејќи изборите требаше да бидат сега, не знам како ќе беше. Нашиот народ даде поддршка на европската агенда и ние стоиме на располагање да му служиме на народот како што тој тоа од нас го очекува“,
изјави Заев вечерва за ТВ 21, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка од премиерката функција како што тоа го направи по француското вето.