И покрај стапувањето во сила на прекинот на огнот што Русија го наметна на нејзините војници, сепак, како што пренесува агенцијата „Франс прес“, артирелиски оган се слушал на украинска и руска страна, но тој бил спорадичен и помал од претходните денови
Артилерискиот оган продолжи на двете страни на фронтот во Бахмут, упориште на конфликтот во источна Украина, и покрај стапувањето во сила на прекинот на огнот што Русија го наметна на нејзините војници, пренесе агенцијата „Франс прес“.
Артилериски оган се слушал на украинска и руска страна по почетокот на прекинот на огнот во Бахмут, град чии улици се уништени и напуштени.
„Франс прес“ додава дека огнот е спорадичен и помал од претходните денови.
Во Украина денеска стапи на сила примирјето што го нареди рускиот претседател Владимир Путин за време на божиќните празници кој се очекува да трае до сабота на полноќ.
Досега немаше примирје на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекин на огнот, таков беше случајот во април и мај кога цивилите беа евакуирани од фабриката во Мариупол.
Руската државна телевизија наведе дека денес напладне на целата борбена линија стапил на сила режимот за прекин на огнот.
Освен рускиот претседател и патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.
Но, украинскиот претседателот Володимир Зеленски вели дека Русија зборува за прекин на огнот бидејќи сака да го искористи како фронт за да го запре напредувањето на Украина во источниот регион Донбас и да испорача повеќе луѓе и опрема.
Тој додаде дека тоа ќе им донесе само уште едно зголемување на нивните вкупни загуби и додаде војната „ќе заврши или кога вашите (руски) војници ќе заминат, или ние ќе ги избркаме“.