Околу 14 часот попладнево на Институтот за радиологија во комплексот на Клиничкиот центар во Скопје избил пожар. Интервенирале осум противпожарни возила и 15-ина пожарникари. Според првичните информации повредени нема, а причинета е материјална штета.
Во просторијата каде што избувнал пожарот немало пациенти, а вработените биле на време евакуирани.
На терен се и екипи на МВР, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.