Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвика густиот црн чад во центарот на Скопје. Сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што попладнево избувна во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвика густиот црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и дополнителни возила за гасење на пожарот.