При обид да се скенира сметка, апликацијата покажува порака – нема конекција до УЈП. Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека апликацијата често не работи, особено за време на викендите

Апликацијата „Мој ДДВ“, преку која граѓаните треба да скенираат фискални сметки за поврат на дел од данокот на донадена вредност (ДДВ), не работи веќе трет ден.
При обид да се скенира сметка, апликацијата покажува порака – нема конекција до УЈП (Управа за јавни приходи). Забележливо е дека вакви проблеми со скенирањето сметки се зачестини особено во текот на изминатиот едногодишен период.
Од УЈП само кратко велат дека се работи за технички проблем, без да дадат дополнителни објаснувања – зошто не работи апликацијата за скенирање сметки што е многу популарна кај граѓаните.
Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека апликацијата често не работи, особено за време на викендите. Повратот на ДДВ може да биде максимум 2 100 денари за тримесечје.
