Речиси 40 земи во светот во текот на изминатата недела пријавиле рекорден број на заразени со коронавирус на дневно ниво, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на извештаи составени од официјалните статистики за државите.
Бројот на земји каде е забележан дневен рекорд е околу двојно поголем од оној што бил една недела претходно.
Зголемување не се забележува само во земјите како САД, Бразил и Индија, кои доминираат во насловите на светските медиуми, туку и во Австралија, Јапонија, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Израел и др.
Многу земји, констатира „Ројтерс“, особено оние каде властите ги олеснија рестрикциите, доживуваат втор врв на епидемијата откако првиот го имаа пред повеќе од еден месец.