Доналд Трамп неделава најверојатно ќе стане третиот американски претседател кој ќе биде отповикан од Претставничкиот дом каде демократите имаат мнозинство и кој ги прифати обвиненијата дека Трамп ја уценувал Украина во истрагата на негови политички противници.
Претставничкиот дом се очекува да ги потврди наводите за отповикување на Трамп дека тој ги злоупотребил своите овластувања за да изврши притисок врз Украина да ги испита Џо Бајден и неговиот син Хантер, поранешен член на одборот на украинска енергетска компанија и ја опструирал истрагата во Конгресот во врска со тоа прашање.
Доналд Трамп ги отфрла тие тврдења и вели дека тоа е политички мотивиран процес.
Претставничкиот дом најверојатно ќе расправа за отповикувањето в среда, додека за потврда на обвинувањата ќе се гласа неделава.
Ако Претставничкиот дом ги потврди обвинувањата, што е веројатно затоа што демократите имаат 232 од 435 члена, Сенатот ќе одлучува за импичмент на претседателот.
Бидејќи двотретинско мнозинство во Сенатот е потребно за импичмент, а републиканците имаат 53 од 100 сенатори, импичментот е малку веројатен.
Одборот за правда во Претставничкиот дом во петокот со 23 гласови „за“ и 17 гласови „против“ усвои обвинение против Трамп, и го отвори патот за гласање во Претставничкиот дом.
Досега ниту еден американски претседател не е отповикан во Конгресот.
Републиканецот Ричард Никсон се повлече од функцијата во 1974 година пред да биде отповикан, а Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон ги отповика Претставничкиот дом во 1998 година, по што Сенатот ги отфрли обвинениета.
Демократ премина на страната на републиканците
Џеф Ван Дру, демократски конгресмен од Њу Џерси и еден од двајцата демократите во Конгресот, кои се сомневаат во исправноста на одлуката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, премина во Републиканската партија.
Ван Дру во меѓувреме го напуштиле сите помошници во неговиот кабинет, освен шефот на кабинет.

„За жал, одлуката на конгресменот Дру да се придружи во редовите на Републиканската партија водена од Доналд Трамп не е во согласност со вредностите, што не водеа кога се вработивме во неговиот кабинет“, наведоа помошниците во писмо објавено денеска од „Њујорк тајмс“.
Откако Ван Дру, кој важи за умерен демократ кому ова му е прв мандат, изјави дека е против импичмент на Трамп, шансите за негов реизбор идната година на изборите во Њу Џерси станаа многу мали. Со одлуката да премине во Републиканската партија, тој се надева на поддршка од републиканците за негов повторен реизбор, бидејќи во овие услови нема да ги помине внатрешните партиски избори на демократите.
Неговата одлука ја осудија од двете партии.
Еден републикански кандидат за член на Претставничкиот дом го нарече Ван Дру „орудие во кое не треба да се има доверба“, додека негов сопартиец го нарече „предавник“.
Во неодамнешна изјава за телевизијата „Фокс њуз“, Ван Дру посочи дека Трамп најверојатно ќе го преживае отповикувањето, бидејќи Сенатот е контролиран од републиканците, и дека американските гласачи, а не Конгресот треба да одлучат за судбината на Трамп.
Рекордно висок рејтинг на Трамп
И покрај непријаната ситуација во која се наоѓа поради заканата од импичмент, Трамп ужива рекордна популарност.
„Неколку денови пред историското гласање за отповикување од функцијата во Претставничкиот дом, Доналд Трамп има највисоко ниво на популарност – 43 отсто од анкетираните позитивно се изјасниле за него наспроти 52 отсто со негативен став“, соопшти американскиот универзитет Квинипак, кој редовно спроведува вакви анкети.
Но и покрај тоа, популарноста на сегашниот претседател е помала од онаа на повеќето негови претходници во исто време во нивните мандати.
На 23 октомври, пред да започнат јавните расправи за импичмент, популарноста на Трамп беше само 38 проценти, потсетува универзитетот. На 10 декември тој имаше поддршка од 41 процент од граѓаните.