Ова во објава на Фејсбук вечерва го пишува експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувски, откако првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски деновиве си разменија прозивки за тоа кој од нив бил во Будимпешта (кај поранешниот премиер н.з.)
Во Будимпешта не сум се сретнал ниту со Артан Груби ниту со Максим Димитриевски. Груби последен пат го видов на почетокот на 2017 година, а Димитриевски не се сеќавам дека кога било во животот сум го сретнал.

Ова во објава на Фејсбук вечерва го пишува експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, откако првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски деновиве си разменија прозивки за тоа кој од нив бил во Будимпешта (кај поранешниот премиер н.з.).
„Артан Груби последен пат го сретнав во штабот ма ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски, кој мислам дека е еден од неколкумина кои во изминатите денови добија од ист центар насока да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека кога било во животот сум го сретнал. На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општокорисни цели, заради кои и постојат, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип“,
пишува Груевски во објавата на Фејсбук.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски пред неколку дена во изјава за Канал 5 јавно го прозва Груби да каже како поминал во Будимешта и на што се должела наводната посета.
„Јас имам само едно јасно и многу директно прашање, ексклузивно за вашата телевизија, до господинот Артан Груби – да ѝ објасни на јавноста и да каже како поминал во Будимпешта и да даде детали на што се должела посетата, доколку е точно”,
рече Димитриевски во изјавата за Канал 5 пред пет дена.
Во коментар под неговата фејсбук-објава, вицепремиерот Груби врати оти никогаш во животот не бил во Унгарија и го праша Димитриевски дали тој во Будимпешта ја договорил поддршката од ВМРО-ДПМНЕ на последните локални избори на кои, како независен кандидат, беше реизбран за градоначалник на Куманово.
„Максо, не ти личи да лажеш и да се резилиш вака јавно, па освен на телевизија да продолжиш и на Фејсбук, а тоа да ти претставува чин за гордеење. Или ова е само за да бидеш интересен пет секунди и да те има по портали? Знам дека е поразително, ама јас во Будимпешта не сум бил никогаш во животот и не сум се сретнал никогаш со кого било ниту во Будимпешта ниту во Унгарија. Ај, веќе кога ти пишав, дај кажи им на твоиве на Фејсбук, дали ти во Будимпешта договори ВМРО-ДПМНЕ да ти ги даде гласовите на локалните избори на кои стана градоначалник на Куманово? Ама кажи искрено, немој да лажеш пак“,
гласи коментарот на Груби оставен под фејсбук-објавата на кумановскиот градоначалник.

Градоначалникот на Куманово, пак, неколку дена подоцна посвети посебна објава на Фејсбук во која го праша првиот вицепремиер дали е точно оти е одржана средба меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта.
„Дали е точно дека на таа средба е одлучено лице за контакт со Будимпешта да биде господинот Груби? Дали е точно дека за помошта од Будимпешта, побарано е закон за ‘амнестија’ (актуелните измени на членовите во КЗ) и обзбедување на дополнителен број на пратеници за уставни измени? За местото на одржување на средбата меѓу тесното раководство на СДСМ и ДУИ, и темите на истата, во некоја друга прилика“,
напиша Димитриевски.
