„Во последните месеци сведоци сме дека на двете страни на Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир, а времето ќе покаже во која мерка ќе се успее да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да бид одржлив и праведен, а не неизвесна иднина“, рече Јандроковиќ
Говорејќи за патот на неговата земја кон ЕУ и искуството за кое рече дека исто така било напорно, неговата порака до македонските народни избраници беше дека треба и вреди да истраат на тој пат
Не може да се зборува за мир во Украина без учество на Украинците затоа што тоа ја доведува во прашање нивната сувереност и територијален интегритет, а би бил и сериозен удар врз меѓународното право и врз светот што се гради од Втората светска војна наваму.

Ова во своето обраќање пред пратениците во македонското Собрание го порача претседателот на хрватскиот парламент (Саборот), Гордан Јандроковиќ које е во дводневна официјална посета на земјава.
Руската инвазија врз Украина и последните случувања на геополитички план кои предизвикаа неизвесности и стравувања за иднината на актуелните сојузи беа во фокусот на Јандроковиќ кој говорејќи на темата рече дека војната во Украина со сета своја повеќеслојност неповратно го промени светот, кој, како што рече, стана многу поопасен и место на остварување на најнезамисливите сценарија.
Во таа насока, претседателот на хрватскиот Сабор се осврна на различните сценарија кои доаѓаат од двете страни на Атлантикот, односно од САД и Европа, за тоа на кој начин треба да се постигне и како ќе изгледа евентуалното решени за мир во Украина.
„Овие денови и над ЕУ и над НАТО се надвиснуваат сиви облаци – можеби најголемата пресвртница од формирањето на овие две организации. Не знаеме каква ќе биде нивната иднина. Затоа е важно да се вложува многу за остварување траен светски мир. Во последните месеци сведоци сме дека на двете страни на Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир, а времето ќе покаже во која мерка ќе се успее да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да бид одржлив и праведен, а не неизвесна иднина“,
рече Јандроковиќ пред пратенциите во македонското Собрание.
Говорејќи, тој направи парабола со Хрватска, посочувајќи дека таа денес ќе била многу поразлична земја, ако за времето на Татковинската војна прифаќаше некакви ултиматитуми или мировни решенија без наша согласност.
„Тоа е нешто што може долгорочно да влијае, не може да се зборува за мир во Украина без учество на Украинците зашто тоа ја доведува во прашање нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би бил сериозен удар врз меѓународното право и врз светот кој се гради од Втората светска војна наваму, не може да се размрда тој поредок зашто тоа ќе предизвика невиден преседан и нестабилност. Почитување на меѓународното право, почитување на територијалниот интегритет и суверенитет – тоа е во сржта на меѓународните односи“,
порача Јандроковиќ.
Јандроковиќ денеска претпладне пристигна во земјава, каде со највисоки државни и воени почести беше пречекан од неговиот колега, претседателот на Собранието на РС Македонија.
По пречекот двајцата спикери имаа тет-а-тет средба, по која оддржа и заедничка прес-конференција.
Попладнево, како што е најавено претседателот на хрватскиот Сабор ќе се сретне со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.