Една од најголемите ѕвезди во американската професионална кошарка Коби Брајант загина денеска во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Според веста што ја пренесоа америиканските медиуми, хеликоптерот во кој покрај Брајант имало уште четири лица денеска наутро се урнал во местото Калабасас во близина на Лос Анџелес.
Како првична причина за несреќата се споменува густата магла.
Брајант ја одигра целата своја 20-годишна кариера за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет првенства во НБА. Имаше 41 година.