Поранешниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски, ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт.
Како што информираат од Владата, Мојсовски е именуван на денешната владина седница. Тој доаѓа на местото на Дарко Каевски, кој доби четиригодишен пратнеички мандат во актуелниот состав на Собранието.
Мојсовски минатата година тој беше назначен за претседател на новоформираната комисија за спорт во СДСМ.
Веста дека Мојсовски е изборот за прв човек на Агенцијата за млади спорт низ медиумите циркулираше веќе еден месец.
