Како што се зголемуваат тензиите во втората по големина европска економија, штрајковите веќе се прелеаја и во други делови од енергетскиот сектор, вклучително и нуклеарниот гигант ЕДФ, каде што работите за одржување, клучни за снабдувањето со енергија во Европа, ќе бидат одложени
Француските синдикати започнаа национален штрајк барајќи повисоки плати во услови на децениски висока инфлација, а за претседателот Емануел Макрон тоа е еден од најтешките предизвици по реизборот во мај.
Штрајкот, кој најпрво ќе ги погоди јавните сектори, како што се училиштата и транспортот, е продолжување на повеќенеделниот штрајк кој ја наруши работата на големите рафинерии и снабдувањето на бензинските пумпи.
„Евростар“ објави дека откажал некои возови меѓу Лондон и Париз поради штрајкот.
Како што се зголемуваат тензиите во втората по големина европска економија, штрајковите веќе се прелеаја и во други делови од енергетскиот сектор, вклучително и нуклеарниот гигант ЕДФ, каде што работите за одржување, клучни за снабдувањето со енергија во Европа, ќе бидат одложени.
Претставник на синдикатот FNME-CGT во понеделникот изјави дека штрајковите влијаат на работата на 10 нуклеарни централи, со дополнително одложување на одржувањето на 13 реактори и намалено производство на електрична енергија во Франција за вкупно 2,2 гигавати.
Во јавниот превоз се очекуваат големи прекини на локалниот сообраќај, вклучително и Евростар, возовите и меѓуградските возови, како и париската железница.
На штрајк повикаа и синдикатите на јавните служби, како и можни прекини во работата на училиштата и другите јавни служби.
„Штрајковите се одвиваат во тензичен политички контекст бидејќи француската влада треба да го усвои буџетот за 2023 година користејќи уставни овластувања што ќе ѝ овозможат да го заобиколи парламентарното гласање“,
рече во саботата премиерката Елизабет Борн.
Предвидено е штрајкови да се одржат низ целата земја, а тој во Париз ќе започне напладне.
Илјадници луѓе во неделата излегоа на улиците на Париз за да протестираат против покачувањето на цените.
Лидерот на крајнолевичарската француска партија Непобедливи, Жан-Лук Меланшон, чекореше заедно со овогодинешната добитничка на Нобеловата награда за литература, Ани Ерно. Меланшон за денеска повика на генерален штрајк.